Со поставување на покажувачот (курсорот) врз иконите во горното мени ќе добиете информација за соодветната наредба.
Долната командна линија ви овозможува полесно внесување на македонски букви, наводници, знаци…
Текстот можете да го внесете преку тастатура или да го копирате од Word (препорачано), OpenOffice, WordPress…
При внесување:
Забелешка: Големите текстови бараат поголемо време за пренос во TYPO.
Различни фонтови (некои и без македонска поддршка), величини на букви, прореди, бои, табели, повеќекратни празни простори, повеќекратни нови редови и сл., се честа појава во текстовите, посебно ако се составени од делови кои ги напишале различни автори.
TYPO пред да почне со проверката, ги изедначува сите овие елементи а во исто време и ги брише сите непотребни форматирања кои го оптоваруваат текстот а не се значајни за неговиот изглед.
Црвената линија во долниот дел на екранот ќе ве информира за прогресот на проверката. Линијата ќе се појави два пати, еднаш при проверка на интерпункцијата и вторпат за проверка на зборовите. Проверениот текст, ако има грешки ќе биде обележан на следниот начин:
Доколку по грешка признаете некој збор, со иконата
во долната командна линија, активирајте го списокот на признаени зборови. Бришењето на неточните зборови од списокот се извршува со иконата .Непронајдените зборови ќе бидат испишани на крајот на текстот, што ќе ви овозможи полесен преглед на зборовите.
Забелешка:
За одново да го вратите текстот во Word постапката е еднакво едноставна како и при внес:
Забелешка:
Наредбите Indent и Outdent имаат ефект само ако текстот го поставите на веб (WordPress)
Кога го пренесувате целиот текст, секогаш користете го копчето за копирање. Ова копче е креирано за да се унифицира преносот од различни пребарувачи. На пример:
Доколку проверувате големи текстови а при тоа не сакате да го нарушите изгледот на оригиналниот документот, со притискање на иконата во долната командна линија, можете да изработите список на пронајдени грешки. Списокот ги содржи сите грешни и непронајдени зборови (потенцијално грешни зборови) како и бројот на нивно појавување во документот.
Списокот можете да го пренесете во Word или Excel и ќе го користите како основа за пребарување на оригиналниот документ.
TYPO не ги поддржува Microsoft Internet Explorer и Safari. Користете ги бесплатните Mozilla, Chrome или Opera.
TYPO функционира на сите уреди, но уредите со мала резолуција се несоодветни за ефективно користење.
Сите забелешки, коментари, идеи, како и помош од стручни лица се добредојдени. Примарната цел е TYPO да стане подобра и покорисна алатка, која на сите што пишуваат ќе им го олесни животот и ќе им помогне подобро да го научат македонскиот јазик.
е-пошта: sprintmk@yahoo.com