АВТОР

TYPO е изработено од Методија Ачевски.

Секое користење на TYPO во склоп на друга веб страна, без одобрување е забрането.

ПРИВАТНОСТ

Проверката на текстовите во TYPO, исклучиво се врши на вашиот уред. Кон серверот се испраќаат само низи од некои (не сите) зборови кои се подредени на сосема друг начин во однос на редоследот и изгледот во вашиот документ. Воедно, целата комуникација се извршува со шифриран протокол (SSL encrypted protocol).

Во склад со нашата политика на приватност и анонимност, ниеден текст или ваш податок (локација, IP-адреса и сл.) не се чуваат на нашите сервери. Во случај да го избришете текстот на вашиот уред ние не ќе можеме да го вратиме од серверот.

ПРОГРАМА

Во целиот тек на развојот, TYPO е постојано тестиран, но како и кај секоја друга програма, можно е да содржи сè уште неоткриени грешки во својот код кои можеби се во состојба да му наштетат на вашиот текст (избришат, преместат дел од текстот и сл.). Затоа ви советуваме внимателно да го препрочитате прегледаниот текст.

Во случај да ви се појави грешка, ќе бидеме благодарни ако веднаш ни го испратите проблематичниот текст со краток опис на резултатот од грешка (да знаеме што бараме).

КОРЕКЦИИ

Зборовите во база, како и корекциите и забелешките кои ќе се појавуваат низ текстот се во склад со наведените користени извори (во мени - Употреба)

Сепак, заради обемноста на базата, сигурни сме дека при процесот на внесување се направени одредени пропусти и доколку имате сомневање за дадената забелешка, ве молиме да ги посетите наведените извори или контактирајте овластен лектор.

КОНТАКТ

Сите забелешки, коментари, идеи, како и помош од стручни лица се добредојдени. Примарната цел е TYPO да стане подобра и покорисна алатка, која на сите што пишуваат ќе им го олесни животот и ќе им помогне подобро да го научат македонскиот јазик.

е-пошта: sprintmk@yahoo.com