ОБРАБОТКА НА ТЕКСТ

Со поставување на покажувачот (курсорот) врз иконите во горното мени ќе добиете информација за соодветната наредба.

Долната командна линија ви овозможува полесно внесување на македонски букви, наводници, знаци…

ВНЕСУВАЊЕ НА ТЕКСТ

Текстот можете да го внесете преку тастатура или да го копирате од Word (препорачано), OpenOffice, WordPress…
При внесување:

  1. Селектирајте го целиот текст во Word, SELECT ALL или CTRL+A
  2. Копирајте го текстот, COPY или CTRL+C
  3. Отворете го TYPO и поставете го курсорот во рамката со испрекината линија, направите PASTE или CTRL+V
  4. Откако ќе биде внесен текстот притиснете го копчето , со што ќе започне проверката на текстот.

Забелешка: Големите текстови бараат поголемо време за пренос во TYPO.

ИЗЕДНАЧУВАЊЕ

Различни фонтови (некои и без македонска поддршка), величини на букви, прореди, бои, табели, повеќекратни празни простори, повеќекратни нови редови и сл., се честа појава во текстовите, посебно ако се составени од делови кои ги напишале различни автори.

TYPO пред да почне со проверката, ги изедначува сите овие елементи а во исто време и ги брише сите непотребни форматирања кои го оптоваруваат текстот а не се значајни за неговиот изглед.

ПРОВЕРКА

Црвената линија во долниот дел на екранот ќе ве информира за прогресот на проверката. Линијата ќе се појави два пати, еднаш при проверка на интерпункцијата и вторпат за проверка на зборовите. Проверениот текст, ако има грешки ќе биде обележан на следниот начин:

  • знакот -   означува автоматски коригирана грешка. Доколку го поставите покажуавачот врз грешката, ќе добиете информација што е коригирано.
  • подвлечен збор со црвено - Ова се потенцијално неточни зборови, бидејќи не се пронајдени во базата на зборови. Доколку притиснете на зборот, а за истиот во базата се пронајдени слични зборови, тие ќе се појават како сугестија за зборот. Воедно имате и можност истиот да го признаете, по што тој ќе биде запишан локално на вашиот компјутер и нема повеќе да се појавува како неточен збор.

    Доколку по грешка признаете некој збор, со иконата во долната командна линија, активирајте го списокот на признаени зборови. Бришењето на неточните зборови од списокот се извршува со иконата .

  • црвен збор - Ова е неточен збор. Ако притиснете на него ќе ги добиете можните точни зборови. За некои од нив, при притискање ќе добиете и објаснување зошто се неточни (со пример за точна употреба).
  • означени со. црвена заднина - Ова се проблеми кои имаат повеќе решенија (како во примерот) или се непознати грешки. Во овој пример после точка продолжено е да се пишува со мала буква. Авторот треба да реши дали точката е запирка или првата буква од следниот збор треба да биде со голема буква.
  • зборови означени со сина боја - Овие зборови се точни зборови, но е дадена можност да бидат заменети со „поточни“ или „помакедонски“ зборови.
  • TYPO прави и автоматски измени кои нема поединечно да ги пријави, како на пример:
    • менува два или повеќе празни простори во еден
    • менува 29 - та во 29-та (ги брише празните простори)
    • менува три единечни точки … во знак … и сл.

Непронајдените зборови ќе бидат испишани на крајот на текстот, што ќе ви овозможи полесен преглед на зборовите.

Забелешка:

  • За сите нејаснотии и подетални информации за некој збор, како и за забелешките на означените грешни зборови, посетите ги наведените линкови кои биле извор за зборовите внесени во нашата база.
  • Некогаш во текстот се случува на иста позиција да се појават две, па и три грешки. Во тој случај TYPO не е во можност да интервенира бидејќи не може да ги обележи сите грешки, односно ќе обележи само една грешка. Затоа, по завршувањето на проверката и по исправањето на сите грешки, одново притиснете го копчето за проверка на текстот.
  • Доколку означените зборови ги сметате за точни, не е потребно да ги „признавате“ за да ги отстраните означувањата. При преносот назад во Word (или во друга програма), нема да се појави ниту едно од означувањата кои ги има во TYPO.

ИЗНЕСУВАЊЕ НА ТЕКСТОТ

За одново да го вратите текстот во Word постапката е еднакво едноставна како и при внес:

  • Отворете нов документ во Word.
  • Со притискање на копчето се копира целиот текст. Ова копче извршува две команди заедно, го селектира целиот текст или Select All и го копира селектираниот текст во меморија на компјутерот или COPY.
  • Вака ископираниот текст внесете го во Word со PASTE или CTRL+V.

Забелешка:
Наредбите Indent и Outdent имаат ефект само ако текстот го поставите на веб (WordPress)

Кога го пренесувате целиот текст, секогаш користете го копчето за копирање. Ова копче е креирано за да се унифицира преносот од различни пребарувачи. На пример:

  • Пребарувачите Chrome, Opera или некој друг пребарувач кој работи на оваа платформа, при користење на вообичаените Copy-Paste, од непознати причини пренесуваат неделиви празни простори (unbreakable space) кои потоа прават проблем при делење на зборовите, посебно ако се работи за слевање на текстот во тесни колони. Овој неделив простор оневозможува два збора да се поделат, при што преминуваат заедно во нов ред и се добива голема празнина во претходниот ред, што од естетска гледна точка е недозволиво.
  • Доколку имате фусноти, само на овој начин ќе се пренесат правилно во Word или OpenOffice.
  • При користењето на ова копче се овозможува унифицирање на текстот, но тоа значи и дека текстот нема да можете да го пренесете во програми што не поддржуваат HTML пренос. Такви програми се на пр.: Illustrator, InDesign, Corel… Преносот можете да го направите во Word, OpenOffice, WordPress…

СПИСОК НА ГРЕШКИ

Доколку проверувате големи текстови а при тоа не сакате да го нарушите изгледот на оригиналниот документот, со притискање на иконата во долната командна линија, можете да изработите список на пронајдени грешки. Списокот ги содржи сите грешни и непронајдени зборови (потенцијално грешни зборови) како и бројот на нивно појавување во документот.

Списокот можете да го пренесете во Word или Excel и ќе го користите како основа за пребарување на оригиналниот документ.

КОРИСТЕНИ ИЗВОРИ

ЗАБЕЛЕШКА

TYPO не ги поддржува Microsoft Internet Explorer и Safari. Користете ги бесплатните Mozilla, Chrome или Opera.

TYPO функционира на сите уреди, но уредите со мала резолуција се несоодветни за ефективно користење.

КОНТАКТ

Сите забелешки, коментари, идеи, како и помош од стручни лица се добродојдени. Примарната цел е TYPO да стане подобра и покорисна алатка, која на сите што пишуваат ќе им го олесни животот и ќе им помогне подобро да го научат македонскиот јазик.

е-пошта: info@sprintstudio.com.mk